Мастер ПЛМ

Едногодишна студиска програма za PLM на втор циклус студии на Машински факултет - Скопје

повеќе

На Машинскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје акредитирана е магистерска  студиска програма  за  менаџмент на животен  циклус на производ (PLM-Product Lifecycle Management), развиена под покровителство на Техничкиот универзитет во Торино, Италија, а во соработка со универзитети од Словенија, Хрватска Србија и Грција. Магистерската студиска програма за ПЛМ е развиена како регионална програма, при што е акредитирана и понудена на универзитетите во Нови Сад, Загреб, Сплит и Торино.

Магистерските студии се со траење од една година, при што наставата се изведува од професори на Машинскиот факултет, Економскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Филозовскиот факултет при УКИМ, како и гостувачки предавања од професори од партнерските универзитети од Торино, Марибор, Нови Сад, Загреб и Сплит, со можности за мобилности на професорите и студентите од и кон партнерските универзитети. Кандидатите се стекнуваат со диплома магистер на технички науки од областа на индустриското инженерство и менаџмент.

Студиите започнуваат во согласност со Конкурсот за упис на втор циклус студии на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Повеќе информации за студиската програма, наставните предмети и компетенциите кои ги стекнуваат студентите може да се најдат на порталот за PLM магистерските студии и на web страната на Машинскиот факултет во Скопје, во делот постдипломски студии. Координатор на проектот и раководител на магистерските студии е проф.д-р Валентина Гечевска од Машинскиот факултет-Скопје.

           

За потребите на новите магистерски студии, на Машинскиот факултет во Скопје преку проектот Master-PLM (www.master-plm.net) етаблиран е PLM Центар, со хардверска и софтверска подршка од  Siemens PLM Software на компанијата Siemens Industry Software Ltd (http://www.plm.automation.siemens.com/en_us/).

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Карпош II бб
1000 Скопје, Република Македонија
Тел:+ 389 2 3099-200
Факс+ 389 2 3099-298

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top