Team2win

Team2Win натпревар

 

Машински факултет – Скопје во соработка со Раде Кончар –ТЕП распишува отворен повик за учество на натпревар за развивање на идејно решение за печка на пелети.

Натпреварот Team2Win e надополнување на настанот што се организираше минатиот семестар, со тоа што овој пат акцентот ќе биде на дизајн кој вклучува целосна техничка документација за избраното решение. Повикот за пријавување на натпреварот трае до 10.02.2018 година.

Пријавувањето на натпреварот е во тимови, од 4 до 5 члена за студентите од трета и четврта студиска година (втора и трета од тригодишните студии) од Машинскиот факултет – Скопје. Членовите од тимот треба да бидат од најмалку ТРИ различни студиски програми.

Исто како и на претходниот натпревар, трите најдобри тимови ќе бидат парично наградени, а од најдоброто решени ќе се изработи прототип во компанијата Раде Кончар ТЕП.

 

Team2Win место – 1000 € + прототип

Team2Win II место – 600 €

Team2Win III место – 400 €

 

Пријавувањето е на следниот линк (https://goo.gl/forms/d4l0k3zzM8NVAW3o2).

Финалето на натпреварот TeamWin ќе се одржи на 11.05.2018, додека доделувањето на наградите ќе биде за време на отворениот ден на факултетот.

Соопштенија за студенти

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top