Ottawa Online Casinos — Here is an overview of the gaming scene in this city, as well as a sneak-peek into the best online casinos in Canada.

 

Изберете една од 11-те акредитирани 4 годишни студиски  програми со што ќе се стекнете со 240 ЕКТС кредити


...

Станете Магистер по машински науки со избор на втор циклус редовни студии во девет студиски програми или вонредни студии  во шест студиски програми, во согласност со Болоњските...

Докторските студии се наша определба за образување на висококвалитетни кадри од областа на инженерството со компетенции за научно-истражувачки, развојни и иновативни активности...

Машинскиот факултет е носител на научно-истражувачката дејност од областа на машинската струка и претставува центар за развој на науката, научната мисла и примената на науката...

Машински факултет - Скопје

PROMETHEUS - Интернационален стартап натпревар 2022

PROMETHEUS - Интернационален стартап натпревар 2022

Во рамки на проектот PROMETHEUS (https://hei-prometheus.eu/), финансиран од страна на Европската Унија, како дел од ЕИТ иницијативата за високообразовни институции каде учествува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се организира PROMETHEUS Интернационален стартап натпревар 2022.      

Право на учество  на натпреварот имаат студенти и истражувачки тимови, индивидуално или во тимови.

Предлозите за бизнис идеи се поднесуваат во една од следните тематски области:

Дигитална трансформација

Биоекономија

Циркуларна економија

Климатски промени

Паметно (Smart) производство

Одржлив развој

Заштита на животната средина

 

Детални информации за условите и наградите на следниот ЛИНК и преку страницата на натпреварот:

https://hei-prometheus.eu/entrepreneurship-acceleration-platform/the-competition/

Важни датуми:

Краен рок за поднесување идеи на натпреварот (прва фаза):   31 јули 2022


Информации за PROMETHEUS натпреварот, мрежата и алатките на

2nd online #InformationDay, 8.06.2022, 16:00 – 18:00, Зоом линк  https://lnkd.in/ebdJZqe7

Ден за каериерен развој 7 јуни 2022

Почитувани студенти,

Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настанДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ“  во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY!

На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.

Настанот ќе биде интерактивен, организиравме панел дискусии и кратки мотивациски обраќања со цел да ве инспирираат, насочат и да ви помогнат во вашиот иден кариерен развој.

Дополнително имаме штандови за подготовка на професионално CV организирано од THRIVITY, можност за непосреден разговор и кариерно насочување од Асоцијацијата на кариерни советници, директна комуникација со релевантни претставници на компаниите учесници, како и, зона за забава и освежување (организирана од Coca Cola).

За време на настанот за добрата атмосфера ќе се погрижат повеќе диџеи.

Агенда на настанот

09:30     Пристигнување на компаниите и нивно сместување

10:00     Пристигнување на студенти и други поканети гости

10:30     Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина

  • Обраќање на ректор
  • Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
  • Обраќање на претставник од THRIVITY

11:00     Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови

11:30     Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)

12:10     Музички сет #1   

12:30     Мотивациски говор # 1  (COO Sensile Medical Switzerland:  Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд  Inspiration for employment – globally open labor market)

13:00     Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници

13:30     Музички сет #2

14:30     Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор

14:45     Музички сет #3

15:30     Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска

15:50     Музички сет #4

Компании кои ќе учествуваат на настанот

Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Geresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил

Се гледаме на 7ми јуни на платото пред УКИМ!

 

Проект “Education to Business”

Проектот “Education to Business” е програма за развој на претприемнички вештини кај студентите односно:

  • во тимови ќе работите на решавање на предизвиците на 4 македонски компании со помош на ментори од Македонија и Естонија,
  • ќе посетите 4-дневна обука за бизнис развој во Македонија и
  • ќе учествувате во 5-дневна обука во Естонија
  • ќе се стекнете со нови знаења, искуства и пријатели

Подетални информации за повикот може да најдете овде: https://bit.ly/3K8uA4S
За да се пријавите за учество пополнете ја апликацијата на следниов линк: https://bit.ly/3Hs4ecw

Рокот е до 13 март, 2022 година.

Соопштенија за студенти

Pages

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.edu.mk

Follow us

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top