Стипендии од фондацијата за наградување и стипендирање студенти АНЃУШЕВ

Информација за доделување 4 стипендии

за студентите на Машинскиот факултет – Скопје

Од страна на „Фондацијата за наградување и стипендирање студенти АНЃУШЕВ“ ќе бидат доделени вкупно 4 стипендии и тоа:

  • 2 стипендии за студентите запишани првпат во трета година на студии во учебната 2017/18 година, од кои:
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на студиската програма „Мехатроника“
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на некоја од останатите студиски програми на „Машински факултет“ – Скопје.
  • 2 стипендии за студентите запишани првпат во четврта година на студии во учебната 2017/18 година, од кои:
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на студиската програма „Мехатроника“
  • 1 стипендија ќе биде доделена на студент запишан на некоја од останатите студиски програми на „Машински факултет“ – Скопје.

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и се доделува за  времетраење од 12 месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите.

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Пополнета апликација;
  • Мотивациско писмо;
  • Потврда за редовен студент запишан во втора/трета година на студии;
  • Потврда за положени испити, освоени кредити и просечна оценка (просек);
  • Изјава дека не е корисник на стипендија.

Право да аплицираат имаат студентите со просек над 8,5 и положени сите предвидени испити од студиската програма до моментот на аплицирање.

Стипендии

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Карпош II бб
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top