Светски ден на креативноста и иновативноста – 21 Април 2018 година

Почитувани,

Машинскиот факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, се приклучува кон прославата на Светскиот ден на креативноста и иновативноста – 21 Април 2018 година. Повеќе информации за глобалната прослава на неделата и денот на креативноста и иновативноста може да најдете на: WCIW and WCID 2018 Celebrations | World Creativity and Innovation Week April 15-21

Целта на одблежувањето на овој ден, под покровителство на Обединетите нации, е да се охрабрат сите луѓе да ја искористат својата креативност за да го направат светот подобар, а самите да создадат пристојни услови за живот за себе, но и за другите на нашата планета. Прославата на овој ден ги поддржува и глобалните цели за оддржлив развој 2030 за планетата Земја.

Машинскиот факултет, во соработка со Холандско-Македонската стопанска комора, во знак на Светскиот ден на креативноста и иновативноста ја организираат трибината „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“. Трибината ќе се одржи во просториите на факултетот на 21 Април 2018 (Сабота) со почеток во 11:00 часот. (ГАЛЕРИЈА)

Со оглед на важноста на темата, ќе ни претставува особена чест и задоволство да присуствувате на настанот.

Во прилог ви доставуваме агенда за трибината.  

Ви благодариме за соработката.

 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Машински факултет - Скопје

Декан,

Проф. д-р Дарко Данев

 

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top