Цели на Канцеларијата на Програмата Erasmus+ при МФС

Канцеларијата на Програмата ERASMUS+ при Машински факултет – Скопје се состои од:

 

Во надлежност на Канцеларијата на Програмата ERASMUS+ се следниве работи и активности:

  • да ја потикнува, информира и да ја подржува академската заедница (студентите и наставниците) на Факултетот во остварување на академската мобилност со која се овозможува стекнување и размена на образовно искуство во поинакви и различни академски, културни и општествени средини;
  • да даде подршка и да ја интензивира интеракцијата на сите чинители во процесот на остварување на мобилноста, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Универзитетот, Факултетот, институтите на Факултетот, наставниците и студентите;
  • да иницира соработка со меѓународни организации и високообразовни установи и да биде во постојана потрага за креирање нови партнерства и можности за соработка;
  • да обезбеди проактивно следење на меѓународните образовни проекти и да го олеснува процесот во добивање релевантни информации за можностите за финансирање и за потенцијалните проектни партнери;
  • да дава непосредна помош во подготовка и поднесување на пријавите и на документацијата за реализација на студентската мобилност;
  • да обезбеди интерното постапување и издавање на потребните документи за потребите на постапката да биде брзо, ефикасно и приоритетно;
  • да обезбеди информациите за можностите за мобилност да се јавни и достапни за сите студенти на Факултетот;
  • да изготвува и да спроведува анкети меѓу студентите за нивна информираност и заинтересираност за студентската мобилност и согласно резултатите да превзема, да предлага и да спроведува мерки за подигнување на интересот;
  • да подготви, да уреди и континуирано да одржува и да ажурира информативно катче за програмите за студентска мобилност и за интерните процедури на веб страната на Факултетот.

Наши проекти

Контактирајте не

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Машински факултет - Скопје
Руѓер Бошковиќ бр.18
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: + 389 2 3099-200
Факс: + 389 2 3099-298
Е-пошта: contact@mf.ukim.edu.mk

Follow us on:

Брзи линкови

Галерија

Galerija       

       

Back to Top